Борел: ЕУ не може да ги стави Кина и Русија на исто ниво

од Stefanija Kuzmanovska
132 прегледи

Западните земји треба да ја намалат зависноста од Кина, но не можат да ја стават оваа земја во иста категорија со Русија, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

„Јасно е дека Кина влегува во нова ера на својата надворешна политика, а исто така и на нејзината внатрешна политика. Кина станува многу посамостојна, многу повеќе на сопствениот курс“, рече Борел пред новинарите на маргините на министерскиот самит на Г7 во германскиот град Минстер, пренесува „Ројтерс“.

„Во моментов многу земји-членки имаат силни економски односи со Кина и мислам дека не можеме да ги ставиме Кина и Русија на исто ниво“, нагласи шефот на дипломатијата на ЕУ.

Слични содржини