Борел: Молдавците се определија за иднина во ЕУ и покрај руското мешање

од Milan1
31 прегледи

Европската унија го поздравува исходот од референдумот за членство во ЕУ во Молдавија, како израз на аспирациите на молдавските граѓани за мирна, независна, стабилна, демократска и просперитетна држава, оцени високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во изјава во врска со гласањата на референдумот и претседателските избори во Молдавија одржани во неделата.

– Граѓаните на Република Молдавија направија историски избор да ја закотват својата иднина во Европската Унија и покрај масовното мешање и хибридната кампања на Русија и нејзините прокси за поткопување на демократското гласање, наведе Борел.

Според него, ЕУ ги поздравува молдавските властите за организацијата на изборниот процес и референдумот во согласност со демократските стандарди.

– Европската Унија го осудува невиденото злонамерно мешање на Русија во претседателските избори и уставниот референдум во Молдавија. Ќе продолжиме да ја поддржуваме отпорноста и напредокот на Република Молдавија на нејзиниот пат за пристапување во ЕУ, додава Борел во пораката.

Слични содржини