Борел најави санкции против руските медиумски организации

од Radmila Tasevska
80 прегледи

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, денес најави дека ќе достави до земјите-членки на ЕУ список со предлози за санкционирање на речиси 100 дополнителни поединци и субјекти од Русија поради нивната улога во поткопувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Kако и против одговорните за воени активности, политички одлуки, пропаганда и дезинформации.

Тој предложи да се воведат санкции за медиумски организации, поединци и организации кои „го контаминираат јавниот простор со дезинформации и злонамерни наративи“, придонесувајќи за воена и информативна војна.

„Повторно ќе удриме силно врз рускиот воен и одбранбен сектор, организациите поврзани со нив и оние кои се одговорни за развојот на беспилотни летала што ги таргетираат цивилите и цивилната инфраструктура“, додаде Борел.