Борел: Не е прв пат тие (Русите) да се закануваат со нуклеарна ескалација

од Milan1
18 прегледи

Судбината на Украина ќе ја одреди судбината на Европската унија (ЕУ), изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ одржан во Брисел.

Тој додаде дека руската нуклеарна закана е неодговорна.

„Тоа не е прв пат тие (Русите) да се закануваат со нуклеарна ескалација, што е целосно неодговорно“, рече Борел.

Високиот претставник на ЕУ пред средбата изјави дека Европејците треба да го следат примерот на САД и да дозволат напади на територијата на Русија со ракети со долг дострел, кои ги испраќаат до украинските сили.

„Се надевам дека сите земји-членки ќе ја следат американската одлука. Убеден сум дека тие (Европјаните) ќе го следат примерот на САД и ќе им дозволат на Украинците да го користат тоа оружје за да се борат со Русите на територијата на Русија“, рече Борел.

Слични содржини