Борел потврди: Aдминистрацијата на Бајден одобри употреба на оружје испорачано на Украина во радиус од 300 километри

од Milan1
49 прегледи

Вечерва, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, потврди дека Украина добила дозвола од администрацијата на американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, за користење на ракети со долг дострел за напади длабоко во Русија.

„Да, администрацијата на Бајден одобри употреба на оружје испорачано на Украина во радиус од 300 километри на руска територија. Ова е подобро од ништо. Не сум импресиониран од таков радиус, но тоа е одлука на администрацијата на Бајден“, рече Борел на прес-конференција по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

На прашањето зошто оваа одлука е донесена сега, а не пред претседателските избори во САД, Борел одговори дека не знае.

Слични содржини