Борел: Русија сака да ја продаде својата вакцина, па шири лажни информации за останатите

од Stefanija Kuzmanovska
184 прегледи

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел денеска ги обвини руските државни медиуми за ширење лажни информации за европските и американските вакцини против коронавирусот во земјите каде што, како што тврди, Русија сака да ја продаде својата вакцина „Спутник V“.

Во објава на блог, Борел тврди дека оние кои развиваат вакцини на Запад се „отворено исмејувани“ во руските медиуми, што, како што наведе, во некои случаи довело до „апсурдни тврдења дека вакцините ќе ги претворат луѓето во мајмуни“.

Русија сака да ја продаде својата вакцина Спутник V “, рече Борел, предупредувајќи дека ваквите потези претставуваат закана за јавното здравје во времето на пандемијата на коронавирус.

Рускиот фонд за директни инвестиции, кој е одговорен за промовирање на вакцината во странство, не одговори веднаш на барањето за коментар на објавата на Борел.

Москва во повеќе наврати ги отфрли овие обвинувања, тврдејќи дека нивната вакцина „Спутник V“ е цел на дезинформациска кампања поддржана од странство.

Слични содржини