Борис Џонсон го спореди Путин со Милошевиќ: „Направи суштинска грешка“

од Nikola Popovski
293 прегледи

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон даде интервју за „Sky News“ во кое го спореди рускиот претседател Владимир Путин со покојниот претседател на Србија и СР Југославија, Слободан Милошевиќ.

Тој рече дека Путин направил „катастрофална грешка“ кога решил да ја нападне Украина.

„Сите ние во британската влада го прочитавме неговиот луд есеј за Украина, кој го објави минатото лето. Тој во основа погрешно ја процени Украина. Тоа беше како да го читав Слободан Милошевиќ на тема Косово“, рече Џонсон.

„Милошевиќ сметаше дека Косово е составен дел на голема Србија и духовна татковина на српската нација. Мислам дека Путин го мисли истото за Киев и за потеклото на православната вера“, рекол поранешниот британски премиер, пренесува хрватски „Индекс“.

„Тоа е целосна грешка. Украина е слободна и независна европска култура со свој идентитет, амбиции и судбина. Тој направи суштинска грешка“, рече Џонсон.

Фото: EPA/Srdjan Suki, AP/Alexei Nikolsky

Слични содржини