189
Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон денеска ќе се обрати пред украинската Врховна Рада како прв светски лидер кој ќе зборува во украинскиот парламент од почетокот на руската воена операција на 24 февруари.
Со говорот пред украинските пратеници, Џонсон ќе возврати за потегот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој одржа говор во Долниот дом на британскиот парламент во март.