Британскиот парламентарен комитет испитува дали премиерот Борис Џонсон ги прекршил правилата кога патувал на Карибите со неговата вереницата Кери Симондс.
Премиерот и неговата девојка десет дена уживаа на Карибите за време на новогодишните празници, а се проценува дека нивниот одмор чинел околу 15.000 фунти.
Џонсон рече дека одморот бил финансиран од бизнисменот Дејвид Рос кој е сопственик на куќа на островот. Портпаролот на Рос, пак, негираше дека основачот на магацинот Карпон го финансирал одморот на премиерот, туку дека тој само „го олеснил“, пренесува „Метро“.
„Премиерот се излажал“, рече портпаролот на Рос.
Кетрин Стоун, парламентарна комесарка за стандарди, го одобри барањето на Лабуристичката партија да започне истрага против премиерот на Ториевците.
Сега се испитува дали Џонсон ги прекршил правилата за однесување на членовите на владата и парламентот. Ако се процени дека Џонсон сериозно ги прекршил правилата на однесување, тој нема да може да учествува во работата на парламентот неколку дена.