Борис Џонсон ја паузира изборната кампања поради смртта на принцот Филип

од Nikola Popovski
310 прегледи

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, ќе ја прекине кампањата пред изборите во мај, во знак на почит кон покојниот принц Филип и кралското семејство.

Џонсон попладнево одлучи да ја прекине кампањата на неговата партија, а многу политички партии ширум Велика Британија се согласија со него, кои ќе прекинат со кампањските активности, со цел да покажат почит кон принцот Филип и кралицата Елизабета.

Премиерот бил информиран за смртта на војводата додека работел во неговата канцеларија, а веднаш потоа го повикал лидерот на Лабуристичката партија, за да добие поддршка за пауза во кампањата.

Парламентот во моментов е на пауза поради Велигден и ќе започне со работа еден ден порано од предвиденото, за да можат пратениците да му оддадат почит на војводата.

На министрите во владата на Џонсон им е наредено да ги откажат интервјуата и гостувањата во медиуми и тие нема да се појавуваат на редовните политички емисии во наредните денови.

Во Велика Британија е прогласена осумдневна жалост, а граѓаните оставаат цвеќиња пред замокот Виндзор цел ден, во чест на починатиот принц.

По негово барање, погребот ќе биде извршен во кругот на семејството и без присуство на јавноста, објавија денеска британските медиуми.

Слични содржини