Борис Џонсон: Морам уште да ослабнам

од Stefanija Kuzmanovska
252 прегледи

Британскиот премиер Борис Џонсон често се жали на сопствената тежина, зборува за неговите напори да изгуби тежина и има личен тренер со кого тренира во лондонските паркови.

Меѓутоа денес повторно кажа дека мора уште да ослабне и се присети на искуството од болницата минатата година кога имаше корона.

„Имав толку игли во мене кога бев во болница, целосно се навикнав на тоа“, навел Џонсон, пренесе „Ројтерс“.

Џонсон беше хоспитализиран и помина три ноќи на интензивна нега кога минатата година се зарази со коронавирусот.

„Морам уште да ослабнам – морам да го изгубам сето тоа“, рече Џонсон, кој има навика да вели дека е „апсолутно фит“, иако тежеше дури 112 килограми.

Слични содржини