235
Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, се опоравува по мала операција на носот, соопшти Даунинг стрит.
Операцијата била кратка и под општа анестезија.
Додека Џонсон не се врати на работа во вторник, сите важни одлуки ќе ги носи неговиот заменик Доминик Раб.
Портпаролот на Џонсон изјави дека премиерот во шест часот утринава бил примен во болница во Лондон на рутинска процедура поради проблеми со синусите.
Тој се врати на Даунинг стрит кратко по 10 часот, додаде портпаролот, пренесува Sky News.
Раб „за тоа знаел однапред“, а информиран е и секретарот на кабинетот Сајмон Кејс, соопшти Даунинг стрит.