185
На британскиот премиер Борис Џонсон му беше кажано да се изолира откако бил во контакт со лице позитивно на Ковид-19, беше објавено денес од неговата канцеларија на „Даунинг стрит“.
„Тој ќе продолжи да работи од Даунинг стрит и ќе го предводи одговорот на владата на пандемијата на коронавирусот“, изјави портпаролот на премиерот, кој беше хоспитализиран на почетокот на годинава поради Ковид-19, пренесува Ројтерс.
За премиерот се вели дека е „добро и нема симптоми“.
Џонсон беше во болница на почетокот на оваа година откако се зарази со вирусот.