Борис и “европското ропство”- новинарски директно в лице…

од desk3
81 прегледи

ЕУ оди по стапките на Хитлер, тврди еден британски политичар со гигантско его, кој нема никакви проблеми со опортунизмот на својот пат кон врвот. Но што ќе се случи ако конечно се покаже дека неговите сонародници мислат поинаку?

0,,19064424_303,00
Во новата “битка за Англија” на позиција веќе се вадат најголемите оружје. Неодамна премиерот Камерон ја воздигна европската иднина на Велика Британија во рангот на одлука за војна или мир. А сега неговиот противник Борис Џонсон, лидер на движењето за излез од ЕУ, ги спореди наводните амбиции на ЕУ со оние на Наполеон дека дури – немаше како да не се стигне дотаму – со плановите на Хитлер. ЕУ како инструмент за поробување на европските народи – послаби изјави од оваа веќе не вршат никаква работа.

Како Турција стана де факто диктатура

Поранешниот градоначалник на Лондон Борис Џонсон е ексцентричен и заљубен во себе човек со брза мисла, кој нема никакви проблеми со опуртунизмот. Го знаеме како таков уште од времето кога беше дописник во Брисел. Кога Обама ги повика Британците да останат во ЕУ, Џонсон го обвини американскиот претседател во постколонијална желба за освета.

Поранешниот лондонски градоначалник зелета кон длабоните историски референци и се обидува да се претстави како некој нов Черчил, а го издава како гигантското его, така и нервозата. Бидејќи конечно може да се покаже дека мнозинството Британци не го сметаат излегувањето од ЕУ за некакво историско достигнување.

www.faz.net