Борисов: Хероите кои загинаа за слобода не можат да бидат предмет што ги дели нашите народи

372 прегледи

На средбата со македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, бугарскиот премиер, Бојко Борисов, посочи дека сите противречености помеѓу двете земји мора да бидат решени, со оглед на тоа што, вели идните генерации нема да простат ако се испушти оваа голема можност.

„Значи, и вие и ние треба да се подготвиме за преговори со разум, а не со емоции. Геостратешката цел на Бугарија е за ова прашање да најдеме политичка волја – и ние и вие“, истакна премиерот Борисов пред Бујар Османи, a пренесе БГНЕС.

Меѓудругото, Борисов истакна дека двете земји мора да го следат патот на дипломатијата и разбирањето.

„Хероите кои загинаа за слобода не можат да бидат предмет што ги дели нашите народи. Затоа што нивниот сон бил да бидеме заедно и затоа ги дадоа своите животи. Значи, тие треба да бидат мост на пријателството, а не на поделба“, посочи Борисов.

Инаку, за време на состанокот на Борисов со Османи, беа разгледани и билатералните односи, европската перспектива Македонија и предизвиците што ги носи пандемијата ковид-19.

Борисов испратил посебна честитка до премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски, пишува БГНЕС.

Средбата помеѓу Османи и Борисов не беше претходно најавена.

Слични содржини