Борисов нареди привремено прекинување на вакцинацијата со АстраЗенека

од Vladimir Zorba

Бугарскиот премиер Бојко Борисов нареди привремено да се прекине вакцинацијата на населението со вакцината АстраЗенека.

„Додека не добиеме писмено известување од Европската агенција за лекови со јасна инструкција за тоа дали е безбедно да се вакцинираме со вакцината АстраЗенека или не – престанете со вакцинирањето“, рече премиерот, обраќајќи им се на колегите за време на работниот состанок.

Според него, Европската комисија склучува договори со производителите, а земјите од ЕУ се само потрошувачи.

Министерот за здравство Костадин Ангелов изрази подготвеност да го потпише соодветниот налог.

Директорот на Бугарската извршна агенција за лекови, Богдан Кирилов, додаде дека Бугарија ќе продолжи со вакцинирање и дека ќе користи уште две вакцини – „Фајзер“ и „Модерна“.

Да потсетиме, седум земји од Европската унија привремено ја прекинаа вакцинацијата со „АстраЗенека“, додека властите испитуваат можни сериозни несакани ефекти во форма на формирање на фатални тромбови.

Слични содржини