Борисов: Немаме над 80 пратеници да формираме Влада

од Milan1
112 прегледи
Лидерот на бугарската партија ГЕРБ и поранешен премиер на таа земја, Бојко Борисов денеска изјави дека ниту една партија во моментов не може да формира стабилна влада, односно дека тие немаат обезбедено 80 пратеници.

„Ако имавме повеќе од 80 пратеници, ќе им кажевме на нашите гласачи дека ќе има Влада. Но, ние немаме“, истакна Борисов.

Го отфрли и предлогот за експертска Влада.

„Ова е глупост, кај нас сите се експерти“, рече Борисов за предлогот за експертска влада.

Вакавата сотојба според него прави Бугарија да нема државни институции.

„Државата нема институции, нема државна политика. Не можеме ни да формираме комисии во Народното собрание. А проблемите се наследени“, истакна Борисов.

Актуелната ситуација го попречува и напредокот на Бугарија кон влезот во еврозоната.

– Што се однесува до еврозоната, за време на нашата администрација Бугарија влезе во Европската банкарска унија, односно техничко усвојување на еврото. Потоа влеговме во чекалната на еврозоната, но тие решија да почнат со протестите. Нема евро. Следеше монструозна инфлација, истакна Борисов.

 

 

Слични содржини