Борисов повторно нема да биде пратеник

од Nikola Popovski
335 прегледи

Бојко Борисов нема да биде пратеник ниту во 47. Народно собрание. Лидерот на ГЕРБ ја одбива пратеничката функција по трет последователен пат, објавија бугарските медиуми.

Бугарската Централна изборна комисија денеска мора да ги соопшти резултатите од парламентарните избори по конечна проверка на гласовите и преференциите. Така ќе стане јасно колку пратеници ќе има секоја од 7-те партии и коалиции во новиот парламент. Конечната листа на новите 240 пратеници треба да стане јасна до недела, 21 ноември.

По 100% обработени гласови, победи партијата „Продолжуваме со промената“ со 25,67% гласови, следува ГЕРБ-УДФ – 22,74%, ДПС– 13,0%, „БСП за Бугарија“ – 10,21%, „Има таков народ“ – 9,52%, и „Демократска Бугарија“ – 6,37%.

 

Слични содржини