Борисов против руската вакцина: Чека одобрување од ЕУ

од Nikola Popovski
448 прегледи

Во светло на далекусежните одлуки на европските лидери, бугарскиот премиер Бојко Борисов се спротивставува на купувањето руска вакцина против коронавирусот и директно признава дека не сака да ја преземе одговорноста за ова прашање, коментира Бугарската слободна телевизија, сопственост на опозицијата Бугарска социјалистичка партија.

На денешната владина седница, Борисов изјави дека само оние вакцини кои ќе добијат одобрение од Европската унија ќе бидат доставени во Бугарија.

„Само вакцините одобрени од Европската агенција за лекови, не сакам да бидам одговорен за сè друго. Бидејќи, времето ќе помине и тие ќе сфатат дека не се направени сите тестови. Можете сами да видите колку е строга Европската агенција за лекови“, релпч Борисов.

Денес во Националното собрание на Бугарија се одржа седница на Комисијата за здравство, чии членови разговарале за предлогот на опозицијата, Бугарија да започне преговори за набавка на руската вакцина Спутник V или кинеската вакцина.

Според членот на комисијата Георги Михајлов, владејачката партија ГЕРБ целосно го сменила текстот на предлогот – наместо директни преговори со производителите, предложено е прво да се добие одобрение од ЕУ. Пратеникот потсетил дека земјите од ЕУ можат да купуваат и други вакцини.

„Но, за жал, владејачката коалиција, а особено ГЕРБ, предложија невозможна верзија на целиот проект. Тоа не ни дава можност да го заштитиме предложеното. Ова оневозможи владата да спроведе ефикасни преговори. Станува невозможно оперативно да донесеме одлука што ќе ни овозможи повеќе вакцини, а на Бугарија ѝ требаат повеќе вакцини“, рекол Михајлов.

Според статистичкиот центар „Статиста“, на 3 март Бугарија била на последното место во Европа според бројот на вакцинирани против корона на 100 жители.

Да потсетиме, откако британската компанија „АстраЗенека“ ги одложи испораките на вакцината во Бугарија, минатата недела бугарската опозиција ѝ предложи на владата да започне преговори за набавка на руската или кинеската вакцина.

Слични содржини