Се обраќам кон политичката класа – вакцинацијата нека биде нашиот главен заеднички приоритет. Апелирам и до оние кои гласаа за нас, 650.000 не се малку луѓе, вакцинирајте се!
Ова го изјави претседателот на ГЕРБ Бојко Борисов во болницата „Софијамед“ додека тој беше вакциниран против КОВИД-19, скоро 9 месеци откако се зарази со вирусот.
Според Борисов, наскоро ќе биде невозможно да се патува во Европа без потврда за вакцинација.
„Јас сум против задолжителните работи, но ние и лекарите треба да се вакцинираме за да се постигне овој колективен имунитет. Ние мора да агитираме за да се вакцинираат луѓето, бидејќи нема ништо повредно од колективниот имунитет. Луѓето треба да се вакцинираат по своја волја, а не со сила“, категоричен беше Бојко Борисов, објави ГЕРБ.