Премиерот на Бугарија Бојко Борисов изјави дека убиството на бегалецот од Авганистан на бугарско-турската граница е несреќен случај и дека со вешатчењето е увтрдено дека бил погоден со куршум рикошет.
– „Тоа беше едноставно еден апсудрен нереќен случај,никој не сакаше да убие човек. Не е за медаља, ни за оставка, а ни причина да продолжи да се коментира на овој начин тој инцидент“-изјави Борисов, додавајќи дека граничната полиција постапила во екстремна ситуација и дека бугарската граница се штити најдобро од сите шенгенски граници.
Борисов, поради информацијата за вчерашниот инцидент кај местото Средец го напушти состанокот на лидерите на ЕУ и се врати во Бугарија. Тој рече дека нелегалното преминување на границата е кривично дело и дека полицијата си ја вршела својата должност.
Агенцијата БТА јавува дека во Софија во текот на изминатите 24 часа се уапсени 36 нелегални мигранти без лични документи, кои тврдат дека се Авганистанци и од Сирија и дека е уапсен еден возач на комбе.