Борисов за нападот на НАП: Хакерите треба да работат за државата

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Хакерите треба да бидат привлечени да работат за државата, бидејќи тие се ункатни мозоци. Ова го кажа премиерот на Бугарија, Бојко Борисов пред редовниот состанок на Владата во врска со вчерашниот напад за Националната агенција за приходи, објавија бугарските медиуми.

Хакери украдоа лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани, по насилниот влез во системот на државната даночна управа, соопшти вчера бугарската влада.

„Имаме вистински волшебници. Многу млади и кадарни. Вчера задржавме еден од луѓето. Имаме уникатни мозоци “, истакна тој.

“Многу е важно за такви деца да имаме можност да им плаќаме повеќе за да ги користат службите и ние самите, за да не ни нанесуваат такви штети и потоа да им се подигнуваат обвинение. Треба да ги привлечеме во корист на државата“, додаде тој.

„Едноставно волшебници. Неверојатни способности“, рече премиерот.

Според неговите зборови, и покрај ниските плати, „државата има вработени кои се борат со такви напади“.