Во кривичниот суд, каде се оддржува рочиштето за случајот „27 Април“, сведочеше и екс македонскиот ракометен репрезентативец и голман на Вардар, Борко Ристовски.
Како што потенцираше Ристовски, во периодот кога биле протестите, тој не живеел во земјава,а за истите се информирал од медиумите.
„Давав морална поддршка со коментари на Фејсбук како Македонец. Не бев контактиран од Миле Јанакиески ниту од Спиро Ристовски“, истакна Ристовски на денешното рочиште.
Инаку, за потсетување, обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.