Германскиот добавувач на автомобилски производи Bosch изјави дека очекува скромен раст на приходите оваа година, сигнализирајќи дека има намера дополнително да ги намали оперативните трошоци. Преминот кон мобилност базирана на софтвер веројатно дополнително ќе го зголеми притисокот врз заработката, покрај мерките иницирани на крајот од 2023 година откако менаџментот утврди дека одредени делови од бизнисот повеќе не се конкурентни.
Компанијата планира да отпушти илјадници работни места низ целиот свет, вклучително и во нејзината матична земја Германија, забележува агенцијата Дпа.
„И покрај стагнацијата во глобалното производство на возила, слабата побарувачка и доцнењата во електромобилноста и автоматизираното возење, Бош Мобилити ќе забележи мал раст оваа година“, соопшти компанијата.
Приходите од продажба треба да се зголемат „нешто под два проценти“, рекоа тие пред автосалонот IAA во Минхен, кој официјално се отвора денес, објави SEEbiz.
Bosch е најголемиот добавувач на автомобилски производи во светот, но продава и мали апарати за домаќинство, електрични апарати и топлински пумпи. Автомобилскиот сегмент учествува со 60 проценти во приходите на компанијата, а минатата година забележа пад на приходите за 0,7 проценти на 55,8 милијарди евра.
Покрај стандардните делови како што се системи за погон, безбедност, управување и сопирање, компанијата им снабдува на производителите на автомобили и компјутери со вискои перформанси и софтвер.
Во мобилноста базирана на софтвер, бизнисот на Bosch Mobility продолжува да се развива од хардвер со вграден софтвер до услуги и целосно независен софтвер што производителите и партнерите потоа го интегрираат во своите системи, соопшти компанијата.
„Работиме на софтвер и хардвер, одделно или заедно, стандардизирани, интегрирани, самостојни. Дури и најпаметниот автомобил нема да се помрдне ни милиметар во иднина без софистициран хардвер“, нагласи извршниот директор Стефан Хартунг на саемот.