Еден шегобиец од ДПМНЕ синоќа кажа дека тие биле автентичното ВМРО, тие биле ВМРО. Лидер на ВМРО се раѓа, лидер на ВМРО не се бира, рече Бошкоски на митингот во Охрид каде потсети на времето која го избрале сегашниот лидер на партијата ВМРО-ДПМНЕ, пренесе А1он.

-Насила ја земаа иделогија, но ние ќе го вратиме достоинството и ВМРО на вмровците, рече Бошкоски.
Тој се осврна на состојбата во изборната единица пет, каде е носител на листата за Коалицијата ВМРО за Македонија.
На производителите не земјоделските култури, нема да им се исплака субвенции по хектар, туку по даден килограм земјоделска култура ќе се добива субвенција. Истото вреди и за угостителите и сите сегменти на нашето живеење.
Кога сме кај загаденоста, живееме во земја во која десет години, на граѓаните на Маедонија им е загаден моралот, граѓаните живеат со загаден морал, не се познаваат не се почитуваат, сите вредности кои беа важни за Македонците веќе не се вредности. Не се епочитуваме повеќе, затоа што граѓаните се во апатија. Таква Македонија направија оние за кои јас бев доволно храбар, но не можат да бидат бескрајно моќни, нивното време заминува, зашто ние доаѓаме, рече Бошоски.