Во рамки на денешната прес конференција, директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јановски, посочи дека од денес почнува со работа Регистарот за вистински сопственици, а ја образложи и постапката за поднесување на релевантните информации потребни да се внесат во овој Регистар.
„Го најавуваме почетокот на Регитарот на вистински сопственици, согласно кој Централниот регистар е задолжен да го воспостави и води овој регистар. Ова се мери со европските стандарди и принципи. Ова ќе биде алатка против перењето на пари, и финансирањето на тероризмот. Податоците од регистарот ќе отворат нова слика за македонското стопанство. Обврска ќе биде секое правно лице да го верификува својот вистински сопственик и истиот да го регистрираат податоците во регистарот. Уписите кои ќе бидат внесени во законските рокови ќе бидат бесплатни. Нема да има потреба од документи и скенирања, буквално се ќе се одвива електронски. Ова е најсовремено технолошко решение. Заедно во оваа насока, со финансиско разознавачката служба во изминатата недела спроведовме обука за функционирањето на овој процес“, истакна Бошковска Јанковски.