Босна и Херцеговина побара итен прием во ЕУ

од Nikola Popovski
220 прегледи

Министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ денеска побара од претставниците на Европската унија на Босна и Херцеговина веднаш да и дадат статус на кандидат.

Турковиќ го упати овој апел откако неколку други земји ги поставија истите барања по руската инвазија на Украина.

„Во овие тешки и неизвесни времиња за безбедноста на Европа, ве молиме веднаш да и доделите на Босна и Херцеговина статус на кандидат за членство во Европската унија“, напиша Турковиќ на Твитер, пренесува Кликс.

Како што нагласи таа, влезот во Европската унија гарантира мир и стабилност во Босна и Херцеговина и на Западен Балкан.

Претходните денови Украина прво поднесе барање за членство во Европската унија по итна постапка, а потоа Грузија и Молдавија.

Европскиот парламент препорача Украина да добие статус на кандидат по итна постапка, а лидерите на ЕУ би можеле да разговараат за тоа на самитот следниот месец.

Слични содржини