„Боже, како ќе ја измиеме ‘рѓата?!“: Захарова за повлекувањето на Кока-Кола од Русија

од Nikola Popovski
245 прегледи

Портпаролката на руското МНР Марија Захарова иронично ја коментираше најавата за повлекување на американската компанија Кока-Кола од Русија.

„Компанијата Кока-Кола објави дека повеќе нема да произведува и продава пијалоци од овој бренд во Русија. Боже, со што ќе ја измиеме ‘рѓата?!, објави Захарова.

Претходно Ројтерс објави дека компанијата Кока-Кола го прекинува производството и продажбата на производи под нејзиниот бренд во Русија, повикувајќи се на соопштението на компанијата.

„Кога ќе се потрошат резервите на компанијата, Кока-Кола повеќе нема да произведува и продава пијалоци или други брендови во Русија“, се вели во соопштението.

Слични содржини