Божиновска: Арсовска доделува 80.000 евра за Градски паркинг,а ја намалува цената на паркингот во Скопје

од Берта Китинска
245 прегледи

Данела Арсовска да не ја покрива својата неспособност со замајување на јавноста. Два и пол месеци Арсовска не реализираше ниту еден свој проект и се што прави е на штета на граѓаните, изјави на денешната прес – конференција, Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје.

-Вчера на предлог на Арсовска Советот донесе одлука за финансиска помош на ЈП Градски паркинг од пет милиони денари или над 80.000 евра. И додека парите на скопјани ќе се трошат за финансиска поддршка на Градски паркинг, Арсовска најавува дека ќе ја намали цената на паркирање на паркинзите на ова јавно претпријатие. Толку од менаџерските вештини на Арсовска и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, не знаат да менаџираат со парите на граѓаните. Тие работат по старата матрица на Зоран Ставрески „немаме за леб а трошиме за чоколадо“ како што направи и градоначалникот на Ѓорче Петров кој во време на криза потроши 6.000 евра за чоколади и сокови. Арсовска и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ знаат само да бараат пари од Владата додека општинските буџети ги трошат на непродуктивни цели и партиски вработувања во администрацијата.Секојдневно се гледа неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, општините, граѓаните не заслужуваат градоначалници кои работат единствено за личните и партиски интереси, додаде Божиновска.

Слични содржини