Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски, во „Студио 10“ истакна дека ЕУ нема фокус да се расправа за членството на С. Македонија. Тој смета дека најголема пречка во нашите преговори со Р. Бугарија е тоа што таа би сакала да се поништи нашата држава.
– Владата смета дека само тие треба да знаат за преговори, а мислам дека и тие не се свесни за што се работи. Нема зошто да преговараме со Бугарија, прв спор е од првата бугарска врхуншка на која се додадоа останати челници, а тоа е од Каракачанов и Борисов, а сега добро му легна на Радев. Новиот премиер е на еден крстопат. Најмалку што и треба на ЕУ е да се расправа за нови членки како што се Македонија и Албанија. Таа нема фокус и Бугарија си ја тера својата политика. Не се знае дали Грција барала нешто од нас или Заев им го подарил тоа, а Бугарија гледа шанса во тоа. Владата работи против Македонија, времето работи против нас. Владата е решена да премине преку се. Пак се враќа историската бугарска комисија која вели дека имаме заедничка историја. Неможе друга држава да менува историја, и цела фрустрација од минато да ја истура врз нас. Бугарија сака да се поништи Македонија, вели Божиновски.
Во однос на измени на Уставот, Божиновки упати порака до Бугарите да ги прифатат 16 -те пресуди од Европскиот Суд.
– Сега имаме двајца нови лидери и во Македонија и во Бугарија. Од една страна имаме барање бугарите да се вметнат во Уставот, но не е проблем тоа, колку 16 пресуди во Европски Суд каде се бара од Бугарија да не прави проблеми околу Илинден. Ако сакате да влезете во Уставот тогаш треба да го прифатите она што ви го наложува Европскиот Суд. Сакате нова реалност, а се држите до тоа дека нема Македонци во Бугарија. Тогаш кој сте вие да кажувате? Трендафилов си премолчи за сето тоа, кажа Божиновски.