Божиновски: Како да преговараме кога немаме проблем?

од Vladimir Zorba
346 прегледи

,,Ни беше ветено започнување на преговори по решавање на спорот со Грција, исполнете го ветувањето, бидејќи ние нема што понатаму да преговараме“, изјави политичкиот експерт Владимир Божиновски во интервју за ТВ 24.

Тој нагласи дека Македонија не треба да се откаже од аспирациите за ЕУ, но проблемот со Бугарија треба да биде решен од самата Европска Унија со својата членка.

„Со македонскиот пример се нарушува перцепцијата за Европската Унија“, концизен е Божиновски.