Божиновски: Зборот ЕУ се злоупотребува од власта, и затоа расте евроскептицизмот

од Destan Jonuzi
142 прегледи

Аналитичарот Владимир Божиновски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека зборот Европска Унија се злоупотребува од власта и затоа расте евроскептицизмот.

„Проблемот е што толку многу се употребува тоа ЕУ, ЕУ, ЕУ што стана флоскула излитена, и наместо ЕУ да биде она што беше за граѓаните до пред извесно време тоа е некоја посветла иднина, сега полека од употребата на тој термин од власта ЕУ веќе се доживува кај дел од граѓаните и во негативна конотација“, вели Божиновски.

Слични содржини