Веќе втора година Северна Македонија, заедно со Молдавија и Црна Гора, е во друштвото на земји со функционална демократија, според светскиот Индекс на демократијата на угледниот „Економист“, откако од 2016 година беше заглавена во групата „хибридни режими“ во кои ја сместија Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ како „заробена држава“, пишува новинарот Зоран Бојаровски за Цивил.
Тој потенцира дека до 2021 година државата се извлекуваше од блокот обележан со етикетата „хибридни режими“, ситуацијата којашто на најперверзен начин ја користеа од ВМРО-ДПМНЕ покажувајќи со прстот кон Владата и СДСМ, иако за таа етикета што ѝ се залепи на нашата земја, заслугата е исклучиво нивна.
-На висината на индексот за политичката култура секако влијае и работата на Собранието во цела 2022 година од страна на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, беа блокирани десетици закони, како и исклучително високиот степен на говор на омраза, повторно во најголеме мерка поттикнат од политичарите од опозицијата, наведува Бојаровски.