Бојаровски: Реално проектираниот економски раст во 2023 година на 2,9% ќе треба да ги издржи притисоците на инфлацијата

од Vladimir Zorba
177 прегледи

Буџетот не се само бројки на хартија. „Преведени“ тие бројки ги претставуваат вредностите кои во наредниот период ќе се аплиицираат низ политиките на актуелната политичка власт во земјата, пишува Зоран Бојаровски во својата колумна за „ЦИВИЛ“.

Она што е новина е што Буџетот 2023 е прв од реформирамиот Закон за буџет со кој се најавени крупни промени во управувањето со јавните финансии, односно со парите на граѓаните. Поточно и поконкретно, Буџетот 2023 е официјално првиот среднорочен буџет кој ја утврдува рамката за пошироката слика во која се „насликани“ актуелните и претстојните предизвици за македонската економија, како и за остварување на целите кои Владата се амбицира да ги оствари на среден рок.

Дека нема да биде лесно говори и самиот факт дека 2023 е трета година за којашто се креира буџет во услови на глобална економска криза. Во такви услови се чини дека е реално проектиран економскиот раст во наредната година на 2,9% којшто ќе треба да ги издржи притисоците на инфлацијата која што Министерството за финансии на годишно ниво реално ја предвидува со стапка од 7,1% заради цените не енергенсите и храната на меѓународните пазари.

Целата колумна на следниот линк!

Слични содржини