Бојаровски: ВМРО-ДПМНЕ ги активираше партиските парамилиции

од Stefanija Kuzmanovska
186 прегледи

ВМРО-ДМНТР (демантирана) продолжува да шири хистерија, лаги и фантазмагории и да прогнозира армагедон. Ќе сме се изгубиле како Македонци ако го изгубиме ликот и делото на Гоце Делчев. Затоа тоа Патриотскиот институт на 4-ти февруари се организира херојска стража на гробoт на македонскиот револуционерен херој Гоце Делчев.

ВМРО-ДПМНЕ да ти бил браникот на македонштината и патриотизмот затоа што „Власта со нејзината попуслива политика предизвика негација на македонската историја, јазик и култура“.

Јас не знам како се брани „македонштината и патриотизмот“ ако ги браниш со непочитување на македонскиот јазик па наместо „попустливост“ пишуваш „попусливост“. Или со апсолутно несоодветната употреба на именката „македонштина“, на што предупредува и Блаже Конески затоа што, како што пишува тој во неговата „Граматика на македонсккиот јазик“ (стр. 251), невнимателното изведување именки со наставката „-штина“ во некои случаи добива негативна и презрива конотација како што се будалштина, магарштина, ветроштина.

Македонската историја не се брани со лаги, а лага е тоа што го изјави Мицкоски дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1977 година, а со лаги не се брани ниту македонската култура бидејќи нели, не е културно да се лаже.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк.

Слични содржини