Брачен советник: Ако мажот ги користи овие 3 фрази, тој има ниска емоционална интелигенција

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Емоционалната интелигенција е способност за препознавање, разбирање и управување со сопствените емоции, како и препознавање и разбирање на влијанието врз емоциите на другите луѓе. Се работи за емпатија, самосвест и почит.

Сепак, некои луѓе, за жал, не успеваат да развијат емоционална интелигенција.

Семејната и брачната советничка, Тина Феј, тврди дека одредени фрази може да укажуваат на недостаток на емоционална интелигенција кај мажите.

Еве што таа издвои.

1. „Премногу си чувствителна“.

„Ако мажот редовно ја користи фразата „премногу си чувствителна“, тоа е знак за ниска емоционална интелигенција. Таа фраза ги отфрла вашите чувства и вината ја префрла врз вас“, вели Феј за Hack Spirit.

Така, наместо човекот да преземе одговорност за своите постапки или зборови, тој нè обвинува нас за нашата реакција.

„Емоционалната интелигенција вклучува емпатија и разбирање. Тоа значи да бидете свесни за тоа како вашите постапки влијаат на другите. Затоа, ако мажот често ви кажува дека сте премногу чувствителни, тоа покажува недостаток на емоционален увид и свесност“, додаде таа.

2. „Не ме интересира“

Друга фраза која укажува на ниска емоционална интелигенција е „Не ме интересира“. Советникот објаснува: „Тоа е отворено и директно отфрлање на чувствата или грижите на другите. Ако мажот редовно ја користи оваа фраза, особено како одговор на вашите чувства или грижи, тоа е знак за ниска емоционална интелигенција“.

3. „Не е голема работа“

„Фразата која брзо може да го открие недостатокот на емоционална интелигенција е: „Не е голема работа“.

Кога мажот често ја користи оваа фраза, тоа сугерира дека му е тешко да сочувствува со другите. За жал, тој можеби не разбира дека она што може да му изгледа како мала работа, може да биде голема работа за друга личност.

„Вистинската емоционална интелигенција вклучува препознавање и почитување на чувствата на другите, дури и ако тие се разликуваат од вашите“, заклучува Феј.

Слични содржини