Брачни совети од Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс

од Vladimir Zorba
425 прегледи

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс без сомнение се еден од најомилените парови во Холивуд.

Од 2011 година тие двајца се во врска, а една година подоцна се венчаа. И оттогаш до денес се во среќен брак, што сме го забележале многупати досега.

И како го прават тоа? Еве неколку совети:

Бидете пријатели прво

Една од најголемите тајни на успешниот брак е прво да бидете пријатели. Рајан објасни дека тој и Блејк прво биле многу добри пријатели и дека еднаш дури отишле на двоен состанок заедно, секој со својот партнер.

Дозволете си еден на друг да имате хоби

„Ние сме вклучени во се што прави другата страна. Тој влијаеше на мојот вкус кога е во прашање уредувањето на домот. Сега ми се допаѓаат работи што не сум ги правела досега“, изјави Блејк.

Најголеми фанови еден на друг

„Мојата сопруга знае како да завладее на црвениот тепих“, изјави Рајан. И токму оваа поддршка е многу важна во бракот и врските.

Шеги на своја сметка

Нам ни е многу јасно дека ниту Блејк ниту Рајан не се двоумат јавно да се исмеваат, што често го прават на социјалните мрежи.

Мали жртви

Многу е важно парот да е подготвен малку да се жртвува и да направи компромиси.

„Често се случува да не сме заедно поради снимање. Додека го снимавме Дедпул, бев отсутен пет недели“, изјави Рајан.

Приоритети

„Јас и мојот сопруг не работиме во исто време, но секаде одиме заедно како семејство. Се држиме заедно“, рече Блејк.

Родителството како посебен однос

Според оваа двојка, многу е важно да ја разберете улогата на родителите на двајцата партнери како нов начин за поврзување, на малку подлабоко и секако поинакво ниво.

Конфликти

Што се однесува до приказните, треба да им се пристапи пријателски.

„Кога се караме си кажуваме како се чувствуваме и што не вознемирило. Разговараме како пријатели еден со друг“, изјави Блејк.

Тимска работа

„Се што правиме, правиме заедно. Го делам животот со личноста во која се претвори и созреваме заедно“, заклучува актерката.

Слични содржини