Првостепениот суд во шпанскиот град Виго денеска ја донесе првата пресуда според која брачниот другар мора да плаќа алиментација за домашно милениче по разводот, во согласност со новата законска рамка.
Според пресудата, кучето милениче останало на чување кај жената, додека нејзиниот поранешен сопруг ќе плаќа 40 евра месечно и уште половина од сумата за итни и ветеринарни трошоци, пренесуваат тамошните медиуми.
Во 2020 година, шпанскиот парламент го усвои Законот за правно регулирање на животните, со кој домашните миленици се признаваат како живи суштества, а не како предмети, односно тие се целосно интегрирани во финансиските аранжмани на семејната единица по разводот.
Според порталот, овој случај е преседан во начинот на кој се гледаат и третираат домашните миленици во правни спорови.
Тоа претставува прогресивен чекор кон препознавање на емоционалната и практичната одговорност на сопствениците на домашни миленици.