Џон Ентони Гилис, попознат по псевдонимот Џек Вајт, ги изненади своите обожаватели со тоа што се ожени со пејачката Оливија Џин на сцената за време на концертот во Детроит, каде што е роден.
Пејачот, текстописец и продуцент ја покани својата партнерка на сцената да учествува во неговиот сингл и ја претстави на публиката како негова девојка. За време на изведбата на песната „Hotel Yorba“, непосредно пред зборовите од нејзиниот текст „ајде да се ожениме“, ја праша партнерката дали сака да се омажи за него.
Оливија Џин, исто така родена во Детроит, пукна во солзи и рече „да“, објави „Detroit Free Press“. Тогаш музичарот ја симна од бината.
Двојката подоцна отиде на бис и се венчаше на сцената на церемонијата организирана од Бен Свонк, ко-основачот на издавачката куќа на Вајт.
Џин е дел од готик рок бендот „Black Bells“, кој е на креативна пауза, но настапува и како соло артист.
Џек Вајт (46) се жени по трет пат. Ова беше негово прво самостојно шоу во Детроит од 2018 година. Тоа го означи почетокот на „Supply Chain Issues“ турнејата, а исто така го означи објавувањето на новиот албум „Fear of the Dawn“.