Во текот на изминатата календарска година биле вкупно склучени 9.200 бракови. Од друга страна пак, бројот на разводи бил 2.284, што во однос на 2019. година се зголемил за 14,7%.
Како што информира МИА од податоците на Министерството за правда, во однос на 2019. година, бројот на склучени бракови исто така е намален, а во таа календарска година бил 13.814.
Низ изминатите 11 години, во просек, годишно се склучувале по 12.650 бракови.
Кај разводите пак, се забележува пораст од 12,8 проценти. Од вкупно 26 Основни судови на територијата на РСМ, за МИА, 23 доставија одговори за правосилни одлуки по основ на развод во надлежност на нивниот суд. Со податоци од 23 Основни судови, бројката на разводи е за 294 поголема од 2019 година, кога изнесувала 1.990.
Во просек, изминатите 11 години годишно имало по 1.767 разводи.