БРАН НА НАСИЛСТВО: Се враќаат од бојното поле и убиваат, силуваат, малтретираат деца… Еве како денес изгледа путинова Русија

од Radmila Tasevska
119 прегледи

Русија доживува бран убиства што го започнаа осуденици кои добија амнестија во замена за учество во војната во Украина, а кои по 6 месеци поминати на бојното поле се враќаат дома со цел, како што пишува „Дејли мејл“, да продолжат со својот живот обележан со криминал.

Некои други борци, пак, „полудеа“ поради бруталноста низ која минаа на првата линија и станаа убијци откако се вратија кај семејствата, а уште повеќе руски борци беа приведени за сексуално насилство врз деца.

Командант на вод, 44-годишниот Александар Мамејев, кој се вратил од војната дома, е приведен поради сомнение дека со нож ја убил сопругата Екатерина пред очите на нивните синови (7 и 8 години). Нивните деца мораа да бидат хоспитализирани поради шок.

Војникот Сергеј Батуев, 39-годишен татко на три деца, беше приведен и обвинет дека го задавил својот пријател, 41-годишниот Денис Шустов, ветеран од војната во Чеченија, за време на тепачка по враќањето од војната во регионот Удмуртија. Полудениот борец планирал да ги нахрани свињите со остатоците, соопштија обвинителите. На Батујев моментално му се суди и доколку биде прогласен за виновен, се соочува со затворска казна до 15 години.

Убиства на сопруги, пријатели…

Борец на озлогласената приватна војска Вагнер, 28-годишниот Иван Росомахин, регрутиран од затвор каде што одлежувал казна за убиство, ја убил својата соседка, 85-годишната Јулија Бујски, откако бил помилуван од рускиот претседател Владимир Путин по шест месеци на бојното поле.

Друг борец регрутиран од групата Вагнер, 33-годишниот Георги Сјукаев, е осомничен за убиството на 38-годишниот Сослан Ваљиев, поранешен осуденик, помалку од еден месец откако Путин го помилува.

Андреј Јакимов, 49-годишен доброволец, ја убил својата сопруга, 47-годишната секретарка Викторија Јакимов додека се враќал од војната дома.

Друг озлогласен случај е оној на 23-годишниот Александар Јонкин, ранет доброволец, кој предизвикал пекол во ноќен клуб во ноември – пожар во западниот руски град Кострома во кој загинаа вкупно 13 луѓе.

Војникот Сергеј Коршунов, пак, е осуден на осум години затвор откако го избодел до смрт својот пријател додека пиел по враќањето од војната на Путин во Украина. Судијата изрече лесна казна бидејќи обвинетиот бил „учесник во специјална воена операција“ во Украина.

Деветнаесетгодишниот војник Владислав А. е обвинет дека ја силувал неговата 17-годишна девојка при првото отсуство. Тој беше ставен зад решетки во пристанишниот град Таганрог во Ростовската област.

Во регионот Орлов, 36-годишен маж кој се борел во Украина се соочува со затворска казна до 20 години за сексуално злоставување на својата 10-годишна поќерка додека бил на одмор. Неговата сопруга тврдела дека тој станал крајно агресивен по враќањето од војната.

Сакале интимни фотографии од малолетнички

Војникот Евгениј К., распределен да служи во Украина, побарал од неговата девојка, 36-годишната Надежда, да му испрати интимни фотографии од нејзината малолетна ќерка. Таа навистина му испратила фотографии од девојчето кое е помладо од 14 години, па сега и тој и мајката на девојчето се соочуваат со судска постапка.

Војникот Григориј К. е приведен бидејќи со лажна лична карта на социјалните мрежи побарал од три девојчиња на возраст од 13, 14 и 15 години да му испратат голи слики. Тој ги „охрабрувал да прават дела од сексуална природа“ и барал нивни интимни фотографии.

Рускиот капетан, 33-годишниот Алексеј Крилов уби таксист за време на расправија за војната. Таксистот Роман Гочасари (51) починал пред да пристигне брзата помош.

Во Тула, пак, борец кој се враќал дома на одмор го претепал сопственикот на пицерија кој не покажал „почит“ кон еден од руските војници.

Слични содржини