Бранко Јаневски се жалел на притисок од странците за да ги повлече листите

од desk3
142 прегледи

Социјалдемократската партија на Македонија на Бранко Јаневски ја известила Државната изборна комисија дека била под силен притисок на меѓународната заедница во Македонија да се откаже од изборите, објави провладиниот портал Прес24.

branko_janevski1
Инаку СДП во средата вечерта ги достави своите кандидатски листи до ДИК, слично како и НДМ на Јанко Бачев. Втората партија која требаше да му биде конкурент на ВМРО-ДПМНЕ, пак, беше дисквалификувана од страна на ДИК поради нерегуларности во листите.

По ова, ВМРО-ДПМНЕ остана единствена партија со кандидатски листи за изборите закажани на 5 јуни, кои може и да не се одржат.

СДПМ стана позната партија за јавноста откако на претходни избори, излезе со листи за пратеници со имиња слични на оние од СДСМ, со цел да ги збуни гласачите. Така, носители на избори листи на минатите избори беа имиња како Рада Шекеровска, Зоран Зашев и Игор Ивановски