Бранко Ушковски е новиот претседател на Судскиот совет

од desk3
153 прегледи

Бранко Ушковски е новиот претседател на Судскиот совет .Тој е поранешен правник во Министерството за одбрана, избран на предлог на ВМРО ДПМНЕ во Советот.

uskovski

Досегашната претседателка Александра Зафировска заминува од оваа функција по 4 години,односно во два мандати го водеше Советот, а од 20.декември до денеска не се закажуваше седница, иако мандатот и беше истечен.

Бранко Ушковски е единствен член на Советот од редот на кандидатите Македонци кој никогаш не бил судија, а беше предложен од Влатко Самарџиски, член на Советот и судија на скопска апелација.

За местото на досегашната претседателка Александра Зафировска типуваше и владиниот партнер ДУИ кој одамна пикира на ова високо место во судството. Мандатот на Зафировска истече пред три месеци.

Во меѓувреме судскиот совет функционираше без претседател и никој не излезе во јавност да објасни како се донесуваа одлуки, критики за тоа денеска упати и министерот за правда Аднан Јашари.

Јашари  не сакаше да одговори на новинарските прашања дали ДУИ го блокира во Собранието донесувањето на законот за Судски совет, со кој на Александра Зафировска требаше да и се продолжи мандатот уште една година.

Новиот претседтел на Судскиот совет треба да предложи заменик претседтел на советот од редот на членовите Албанци.