Брат го тужеше братот за половина милион евра

од Симе Стоиков
289 прегледи

Сега поранешниот тренер на Асвел, Ти Џеј Паркер, се одлучи на необичен потег.

Во текот на сезоната тој беше отпуштен од клубот кој го раководеше неговиот брат Тони Паркер.

Според пишувањата на медиумите, Ти Џеј го тужел клубот, поточно неговиот брат, бидејќи бара финансиска отштета.

Ти Џеј работеше во тимот од Лион за сума од 250.000 евра годишно, а според договорот имаше уште две сезони да работи во клубот. Тоа значи дека би заработил околу половина милион евра.

Сега на поинаков начин сака да ги добие тие пари од клубот, поточно од неговиот брат.

Слични содржини