Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт

од Симе Стоиков
829 прегледи

Далибор Драгијевиќ (40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, дознава Радар.

Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д. биле констатирани бројни повреди поради што вештаците утврдиле дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештаците се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Зајечар за понатамошно постапување, пишува Радар.

Осомничениот Д.Д. од Бор во саботата на 6 април бил задржан до 48 часа во полициската станица во Бор поради постоење основи на сомнение дека, по извршеното кривично дело, му помагал на својот десет години постар брат кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.

Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од природна смрт починал Д.Д. Во соопштението на МУП од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се слошило во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да го реанимираат, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути.“

Од Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажале дека Д.Д. не починал од природна смрт, туку од претепување, чии траги биле јасно видливи и детално опишани во вештачењето. .

Слични содржини