Братот на предложениот министер за правда е осомничен за убиството на Дилавер Бојку, обвини Стоилковски

од Nikola Popovski
192 прегледи

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денес на прес-конференција во седиштето на партијата обвини дека братот на предложениот министер за правда од редовите на Алијанса за Албанците, Кренар Лога е осомничен за убиство.

-Така министер за правда се предлага братот на осомничениот за убиство на Дилавер Бојку. Негова па заменик ќе биде Викторија Мадиќ, кадар од СДС за се, поранешен прв секретар на градот Скопје, за време на поразениот Шилегов, која во јавноста беше позната како новиот Рашковски, бидејќи фирмата на нејзиниот зет добива тендери од над 4 милиони евра од државни институции. Ете братот за осомничен за убиство, и екс секретар на градот попозната како новиот Рашковски сега се луѓето кои ќе ја водат правдата во Македонија. Ова е доказ дека државата е во распаѓање и дека оваа влада единствено го има мандатот за крадење од Ковачевски и Ахмети, но не и легитимитет од народот, нагласи Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање.

Кренар Лога е дипломиран правник и магистер по дипломатија, на местото нов министер за правда би дошол од Државната изборна комисија. Лога има долгогодишно искуство во областа на правото. В

о своето работно портфолио во делот на правните работи, Лога работел на раководни позиции, односно во изминатите години бил раководител на секторот за управување со човечки ресурси во Државното правобранителство на Република Северна Македонија, раководител на сектор за правни прашања и општи работи во Општина Струга каде што бил и советник за правни работи.

Поседува сертификати од меѓународни организации во делот на демократија и лидерство, политики на Европската Унија, и други сертификати за учество во меѓународни работилници.

Слични содржини