Братот на раперката Ники Минаж, Јелани Марај, осуден е на казна затвор од 25 години поради силување на малолетна девојка. Се работи за неговата поќерка која тогаш имала само 11 години, а Јелани ја силувал додека нејзината мајка била на работа.
Јелани е прогласен за виновен поради „предаторски сексуален напад на дете“, а без оглед на тоа што неговата славна сестра преку писмо го молела судот да ја ублажи казната, тој заработил 25 години зад решетки. Во писмото Ники навела дека нејзиниот брат е „најтрпеливиот, најнежниот, најискрениот и најнесебичниот маж кој го познава“.
„Вие сте го уништиле ова дете силувајќи го во повеќе наврати“, рекол судијата.
Јелани добил и дополнителна казна за загрозување на дете во траење од 364 дена.
Жртват која денес има 14 години, свеочеше дека ја силувал четири пати неделно, а понекогаш и два пати дневно. Таа му рекла на дусијата дека поради тоа размислувала да се самоубие, пренесува Daily Mail.
„Мислев дека нема да можам да издржам повеќе ниту еден ден. Се чувствував дека никој не сака да ме слушне“, раскажала.
Девојчето раскажало дека не се осмелила ништо да каже бидејќи Марај и претел дека ќе ја истера мајка и и никој нема да и верува. Се излегло на виделин кога нејзиниот брат пријавил во училиштето дека го видел Марај како ја допира неговата сестра. Тој бил уапсен во 2015 година.
Марај упорно тврдел дека е невид, а на судот му признал дека имал проблеми со алкохолот и замолил за милост. Неговиот адвокат најавил жалба.