„Братско пријателство и поддршка“: Путин го честиташе Денот на независноста на Белорусија

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му го честиташе на својот белоруски колега Александар Лукашенко Денот на независноста на Белорусија, кој се слави по повод ослободувањето на главниот град Минск од нацистите во 1944 година.

„Врските на братско пријателство и взаемна поддршка зајакнати за време на тешките воени години остануваат сигурна основа за сојузничките руско-белоруски односи. Тоа е целосно потврдено денеска, кога нашите земји заеднички се соочуваат со доста сериозни надворешни закани и предизвици“, рече Путин.

Тој додаде дека празникот е важен и за Белорусите и за Русите бидејќи „го означува ослободувањето на Минск од германско-фашистичките напаѓачи“.

Слични содржини