Брауни со чоколадо и банана

од Stefanija Kuzmanovska
493 прегледи

Состојки:

– 350 гр чоколадо за готвење

– 3 испасирани банани

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете го садот за печење со хартија за печење.

Чоколадото растопете го на пареа или во микробранова печка.

Во растопеното чоколадо додадете ги испасираните банани и мешајте додека смесата не се изедначи.

Префрлете ја смесата во плех или сад за печење и печете 35 до 40 минути, додека рабовите на колачот не почнат да се оддалечуваат од страните на плехот или друг сад за печење.

Оставете го колачот на собна температура да се стегне (половина час до еден час) пред да го исечете.

Послужете го десертот додека е топол.

Слични содржини