Нејтан Мидс е самохран татко кој е градежен работник, но исто така работи месечно како негов имитатор.
Мидс (35) неверојатно личи на Пит (57) и објаснил за „Џам прес“ колку е тешко да излегувате со жени кои се опседнати со оскаровецот.
Таткото на две деца откри дека почнал да се занимава со имитирање пред три години откако многу луѓе дале повеќе коментари за неговата сличност со актерот.
„Првпат ми беше кажано дека личам на Бред Пит кога имав 20 години и тоа продолжи околу 10 години, но јас секогаш само ќе се насмеев“, рече тој.
Британски татко кој личи на Бред Пит, вели дека му е тешко што личи на него.
Мидс рече дека му биле потребни години за да открие како таа сличност ќе му користи.
„Додека стотици луѓе ми кажуваа дека личам на него, не размислував да направам ништо во врска со тоа, но потоа стана постојано луѓето да го кажуваат тоа, каде и да одев“, рече Мидс, додавајќи дека фотографиите ги испратил на четири различни агенции кои сакале да работи со него.
Ме контактираше дури и Дориен Роуз, познатата двојничка на Анџелина Џоли.Таа не можеше да поверува дека никогаш не работела со мене – рекол Нејтан, кој заработува помеѓу 200 и 500 фунти дневно, по настап.